Вашиот прелистувач не поддржува JavaScript кој е неопходен за правилно функционирање на сајтот.

Образование

COBISS Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси COBISS

Програма за образование

Образованието на корисниците е неизбежен составен дел од развојот на секој информациски систем. Заради се поголемиот број корисници на COBISS и нивните потреби, во Центарот НУБ-ВБМ (Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Центар ВБМ) се посветува големо внимание на образованието. 

Голем дел од образовната дејност на Центарот НУБ-ВБМ се однесува на образование на библиотекарите, посебно на оние што учествуваат во системот на заемна каталогизација и ги градат базите на податоци COBISS. Образованието за заемна каталогизација го вршат инструктори од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Образованието на библиотекарите за работа во системот COBISS.MK започнува со курсот Користење на програмската поддршка COBISS3/Преземање записи и фонд (3 дена). На курсот библиотекарите се запознаваат со:

  • основните упатства за работење со програмската поддршка COBISS3,
  • основите на пребарувањето и преземањето записи од заемната база во локалната база на податоци,
  • форматот COMARC/B,
  • форматот COMARC/H

Датум на последна измена: 19. 3. 2019 г.


ОНЛАЈН-ЕВИДЕНЦИИ

Пристап до регистрациите

Регистрирани корисници
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОРТАЛОТ

Ваша е-пошта:

Лозинка:

Дали ви е потребна помош?

Телефон:
(02) 3230 151, лок. 200

Е-пошта: cobissizo@nubsk.edu.mk

© 1997-2019 IZUM | V 3.15.1 |