Вашиот прелистувач не поддржува JavaScript кој е неопходен за правилно функционирање на сајтот.

Образование

COBISS Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси COBISS

Зошто да се регистрирате?

За учество во процесот на образование на корисниците на системот COBISS е потребна регистрација во онлајн-евиденцијата на образованието на ВБМ. Податоците за регистрација треба да се пополнат во е-образецот. Покрај личните податоци, мора да ги внесете и својата е-адреса (што ќе претставува ваше корисничко име во постапката на авторизација) и лозинката (што би сакале да ја користите за пристап до порталот). Кога ќе ги потврдите податоците, ќе добиете електронска порака која содржи линк до првото активирање на корисничкото име. Дури по активирањето на корисничкото име ја завршувате постапката на регистрација и станувате регистриран корисник на порталот.

На регистрираните корисници порталот им нуди дополнителни можности:

  1. ажурирање на личните податоци,
  2. е-пријава на класичен курс,
  3. хронолошки преглед на сите лични стари пријави и се уште актуелните пријави,
  4. е-одјава од класичен курс,
  5. испис на однапред исполнетите обрасци што се потребни во постапката за добивање лиценца за заемна каталогизација,
  6. преглед на личните, веќе објавени активности за добивање лиценца за заемна каталогизација,
  7. пристап до содржините на е-прирачниците од системот COBISS.MK (таа опција е на располагање на регистрираните корисници што имаат и корисничко име за работа во системот COBISS.MK).

За користење на дополнителните можности, регистрираните корисници мора да се авторизираат - треба да ги внесат корисничкото име и лозинката. Потоа, податоците што биле внесени во постапката на регистрација (или подоцна – во постапката на ажурирање на регистрациските податоци), автоматски ќе се подразбираат при сите следни е-пријави и е-одјави за курсевите или при постапката за добивање лиценца за заемна каталогизација.

Ако сте ја заборавиле вашата лозинка или сте програмски внесени во евиденцијата на регистрирани корисници и се уште не ја знаете вашата лозинка, употребете го линкот Заборавена лозинка. Кога ќе ја добиеме вашата порака, ќе ви ја испратиме лозинката на адресата од вашата е-пошта.

Ако ви е потребна помош, жатоа што од различни причини не можете да ја употребите онлајн-регистрацијата, ве молиме да ни се јавите по телефон или да ни испратите порака по е-пошта.


ОНЛАЈН-ЕВИДЕНЦИИ

Пристап до регистрациите

Регистрирани корисници
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОРТАЛОТ

Ваша е-пошта:

Лозинка:

Дали ви е потребна помош?

Телефон:
(02) 3230 151, лок. 200

Е-пошта: cobissizo@nubsk.edu.mk

© 1997-2017 IZUM