Вашиот прелистувач не поддржува JavaScript кој е неопходен за правилно функционирање на сајтот.

Образование

COBISS Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси COBISS

Програма за образование

Образованието на корисниците е неизбежен составен дел од развојот на секој информациски систем. Заради се поголемиот број корисници на COBISS и нивните потреби, во Центарот НУБ-ВБМ (Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Центар ВБМ) се посветува големо внимание на образованието. Покрај редовните курсеви, кои се претставени во оваа програма, организираме и презентации на новитетите како и посети на библиотеките- членки во COBISS.

Голем дел од образовната дејност на Центарот НУБ-ВБМ се однесува на образование на библиотекарите, посебно на оние што учествуваат во системот на заемна каталогизација и ги градат базите на податоци COBISS. Образованието за заемна каталогизација го вршат инструктори од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Курсевите Користење на програмската поддршка COBISS2/Каталогизација-креирање записи (3 дена), Користење на програмската поддршка COBISS2/Преземање записи и фонд (2 дена), Користење на програмската поддршка COBISS3/Преземање записи и фонд (3 дена), се наменети за почетниците во системот COBISS.MK кои се уште не се запознаени со програмската поддршка COBISS2 и COBISS3 и со форматите COMARC/B и COMARC/H. На курсевите учесниците се запознаваат со:

  • основните упатства за работење со програмската поддршка COBISS2 и COBISS3,
  • основите на пребарувањето и преземањето записи од заемната база во локалната база на податоци,
  • форматот COMARC/B,
  • форматот COMARC/H.

Курсот Користење на програмската поддршка COBISS3/Фонд (2 дена) е наменет за учесниците што веќе работат во програмата COBISS2 и преминуваат да работат во програмата COBISS3.

Датум на последна измена: 20. 2. 2015


ОНЛАЈН-ЕВИДЕНЦИИ

Пристап до регистрациите

Регистрирани корисници
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОРТАЛОТ

Ваша е-пошта:

Лозинка:

Дали ви е потребна помош?

Телефон:
(02) 3230 151, лок. 200

Е-пошта: cobissizo@nubsk.edu.mk

© 1997-2016 IZUM